Posts Tagged ‘ЕСЕНСЕЕ’

ЕСЕНСЕЕ мрежа

На 09 јуни 2011 во Хотел Амбасадор, Скопје, во организација на ОРТ-Обука за одржлив развој, се одржа тркалезна маса на тема ,,Заедничка визија за еко-социјален развој”, со гости предавачи од Хрватска и Македонија. Се разговараше за Екосоцијалното стопанство во Европа, Екосоцијалното претприемништво и можностите за воведување на екосоцијалното стопанство во Македонија.

Особено внимание се посвети на претставувањето на проектот „ЕСЕНСЕЕ-мрежа за екосоцијално стопанство во јужна и источна Европа, финансиран од Европската комисија, а кој претставува резултат на меѓусекторската соработка за заштита на животната средина, повисоката стапка на вработеност и квалитетот на живеење.

Преку  проектот, ОРТ заедно со партнерите од Хрватска, Италија, Србија и Косово ќе работи на зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење. Проектот ќе има за цел поттикне нови социо-економско одговорни стопанства и граѓански организации со нови бизниси во полза на животната средина и социјалната благосостојба. Очекувани резултати од него се создадено широко партнерство и мрежа на организации и институции за развој на еколошко социјални стопанства.

На настанот присуствува 20 претставници од бизнис секторот, невладиниот сектор и локалната самоуправа. Темата предизвика голем интерес и предизвика конструктивна дискусија.