Општината е мојот зелен дом

Започнуваме со реализација на проектот „Општината е мојот зелен дом“ во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од  Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.

Целта на проектот е да се зголеми вниманието на младите кон локалните политики и процеси за заштитата на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво во општина Шуто Оризари.

Се радуваме на активностите кои следат.

Напишете коментар