Енергетска канцеларија на општина Центар

Ни претставува особена чест да информираме дека денеска се одржа работилница за планирање на патот кон одржливата транзиција на општина Центар кон енергетски независна општина.

Истовремено со овој настан се промовираше отворањето на првата Енергетска канцеларија во Република Северна Македонија, информативно катче за зелена и праведна енергетска транзиција поддржано од Фондацијата Фридрих Еберт, Канцеларијата во Скопје. Со отварањето на овој информативен центар за енергетска транзиција, сите заинтересирани страни ќе можат да се информираат за можностите за енергетски инвестиции, да учат на темата зелена и праведна енергетска транзиција, или да остварат комуникација и добијат поддршка поврзано со енергетска независност и одржлив развој.

Енергетската канцеларија се наоѓа во општинскиот младински центар „Матично“ (влез на првата врата десно после рампата).

Гордост е да се испишува историја.

Напишете коментар