Уметноста на Водата

Уште во 1994 година Др. Масару Емото (Јапонија) добива идеја за можноста да се замрзне примерок од вода и потоа набљудува под микроскоп. Со помош на таа метода, тој бил убеден дека во примерокот од замрзната вода ќе забележи снежни кристали. По двомесечна работа на проба и грешка, неговата идеја вродува резултат. Тој можел да забележи убави форми на хексагонални светли кристали во примерокот од мраз. Од тој момент, тој и неговиот тим инвестираат многу време и вршат лабораториски анализи. Целта на долгогодишното истражување на Јапонскиот научник, Др. Масару Емото во полето на алтернативната медицина е да ја претстави важноста – дека нашата свест и нашата цел влијаат на околината!

На почетокот, лабораториските анализи кои тој со својот тим ги вршеле вклучувале примероци од вода од чешма, вода од реки и езера. Примероците од водата од чешма не генерирале убави кристали. Исто таков бил случајот и со примероци вода од реки и езера во близина на големи градови. За разлика од тоа, земените примероци вода од реки и езера каде водата е недопрена од страна на индустријата и урбаноста, генерирале убави кристали секој со своја посебна уникатност.

Направена била обзервација на следниот начин:

  • Кога би изложиле примерок вода на музика, пример од Јохан Себастијан- Бах, влијанието на таа конкретна музична фреквенција ќе влијае на структурата на водата, правејќи нејзината кристална структура да се измени.

Истото би се случило доколку:

  • На примерок вода му понудиме молитва, доколку изговориме неколку пријатни (или лоши, непријатни) зборови или покажеме фотографии.

За целта на анализата применета била дестилирана вода, сметајќи дека од хемиски аспект како таква е чиста вода.

Кои се добиените резултати?

Примероците вода на кои биле упатени добри зборови и кои биле изложени на пријатна музика пројавувале убави форми на кристали. За разлика од нив, лошите зборови упатени кон примерокот од вода генерирал деформирани кристали. Дополнително, анализите кои тимот на Др. Масару Емото ги направил никогаш не покажале идентичност во кристалите.

(Резултатите од извршените анализи се објавени како фотографски колекции и датираат од 1999та година па се до 2008ма, меѓу кои се “Messages from Water 1”, “Messages from Water 2” како и објавената збирка фотографии во форма на книга “Water knows the answer”)

Би објасниле што претставува кристалната структура на водата.

Тоа е кога водата ќе замрзне до одреден степен да можеме под микроскоп да видиме дека таа пројавува кристали. Дополнително, во својата работа Др. Масару Емото произнесува дека, нашите цели и односот што го имаме едни кон други има свое влијание на околината – дека силата на нашите емоции имаат влијание на нашиот живот. Па тогаш ако упатените зборови кон примероците вода или пак изложувањето на водата на пријатна музика има такво влијание врз структурата на водата, замислете какво влијание има нашиот меѓусебен однос едни кон други. Кога нашето тело е составено од над 70% вода!

Water crystals photos   t31 t46 t47

Напишете коментар