Патоказ на локална енергетска транзиција на општина Центар

Заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт“ продолжуваме со поддршка на процесот на праведната транзиција на локално ниво.

На 29 март 2024 беше одржана работилница на тема „ПАТОКАЗ за енергетска транзиција – дефинирање на стратешки пристап кон одржлива иднина на општина Центар“, кој што би бил прв од ваков тип во државата и би претставувал пример и водич за сите други општини.

Врвни експерти и докажани професионалци на темата, меѓу кои и професорите Сашка Петрова и Стефан Бужаровски од Универзитетот од Манчестер, дадоа свои видувања за содржината на документот кој ќе го работиме во периодот што следува. Експертите се согласија дека иднината е токму во енергетската транзиција и трансформација која треба да почне од локално за да се прошири на национално ниво.

Заеднички заклучок е дека локалната самоуправа секогаш треба да биде иницијатор и мотиватор за поширока активност во заедницата поврзана со социо-економскиот развој, климатската акција, образованието, инклузијата, иновациите, итн.

Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција

Напишете коментар