Соработка за вода

Print

Исполнувањето на основните човекови потреби, нашата животна средина, социо-економскиот развој и намалувањето на сиромаштијата во голема мера зависат од водата.

Доброто управување со водата е особен предизвик, поради некои од неговите уникатни карактеристики: нерамномерната распореденост во простор и време, многу комплексен хидролошки циклус и пертурбации со бројни ефекти. Брзата урбанизација, загадувањето и климатските промени му се закануваат на ресурсот, додека барањата за вода се зголемуваат, со цел да се задоволат потребите на растечката светска популација (сега повеќе од седум милијарди луѓе) за производство на храна, енергија, индустриски и домашни намени. Водата е заеднички ресурс и нејзиното управување треба да го земе во предвид широкиот спектар на спротивставени интереси. Ова обезбедува можности за соработка меѓу корисниците.

При назначувањето на 2013-та за Меѓународна година на соработка за водата на ОН, Генералното собрание на ОН признава дека соработката е од суштинско значење за постигнување рамнотежа меѓу различните потреби и приоритети и споделување на овој скапоцен ресурс рамноправно, користејќи ја водата како инструмент за мир. Промовирање на соработката за вода подразбира интердисциплинарен пристап земајќи во предвид културни, образовни и научни фактори, но и верски, етички, социјални, политички, правни, институционални и економски димензии.

Што претставува соработката за вода?

Спротивно на општото верување, добрите примери за соработка за вода во голема мера ги фрлаат во сенка конфликтите поврзани со водата. The Indus Waters Treaty, спогодба потпишана од страна на Индија и Пакистан во 1960 година, преживеала три големи конфликти и се уште е во сила и денес.

Потенцијалот за соработка за вода е голем, а користа од неа, без разлика дали во економски, социјални или еколошки услови, е значителна. Сите водни системи се многу сложени, без разлика дали се тоа системи за управување на локално или национално ниво, заеднички меѓународни речни сливови или делови од природен хидролошки циклус. Управувањето со овие системи бара повеќе соучесници, од корисници и менаџери, до експерти во различни дисциплини и донесувачи на одлуки.

Соработката е клучна не само за да се обезбеди одржлива и правична распределба на вода, туку исто така да се поттикнат и одржуваат мирољубиви односи во рамките на и помеѓу заедниците. На владино ниво – различни министерства може да соработуваат и да ја акцентираат важноста на високото ниво на знаење за управувањето со вода и во другите сектори; на ниво на заедницата – корисниците можат да соработуваат преку „здруженија на корисниците на вода“; на прекугранично ниво – институциите за заедничко управување може да помогнат во дистрибуцијата и заштитата на заедничките ресурси; и на меѓународно ниво – различни агенции на ОН можат да работат заедно за промовирање на одржливото управување со водите во целиот свет.

Механизмите за соработка се разликуваат во однос на одлучувачките структури, нивото на учество, правилата и прописите. Тие можат да бидат во форма на неформални договори или формални институции и варираат од ниво на едноставна размена на информации до заеднички механизми за управување.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s