Општината е мојот зелен дом

Овој проект е во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од  Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија.

Општа цел на проектот е да се зголеми вниманието на младите кон локалните политики и процеси за заштитата на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво во општина Шуто Оризари

Цели на проектот се:

  • Зајакнување на младите со знаења и вештини за зголемување на влијанието врз политики поврзани со животната средина.
  • Мапирање на обемот и типот на урбано зеленило во централниот дел на општина Шуто Оризари со вклучување на млади и воведување на моделот на „граѓанска наука“.
  • Вклучување на млади во креирање на зелени решенија кои влијаат на младинското учество во заедницата преку унапредување на животната средина и нејзиното влијание врз здравјето, можностите за спорт и рекреација.
  • Застапување за зелените предлог решенијата изработени од млади со кои ќе се влијае на животната средина и ќе се направи подобрување на квалитетот на младите во локалната заедници.

ЈАВНИ ПОВИЦИ

АКТИВНОСТИ