Posts Tagged ‘Урбан’

Вода за градовите …

Целта на Светскиот ден на водата 2011 е да се фокусира вниманието на меѓународната јавност кон влијанието на брзиот урбан раст на населението, индустријализацијата и неизвесностите предизвикани од климатските промени, конфликтите и природните катастрофи на градските водоводни системи.

Темата за оваа година „Вода за градовите: одговор на урбаниот предизвик“ има за цел да го привлече вниманието и да ги поттикне владите, организациите, заедниците и поединците активно да се вклучат во спротивставувањето на урбаното управување со водите.

Дали сте знаеле …

1.      Водата е насекаде околу нас! Постојат 1,3 милјарди кубни километри вода на земјината површина. Најголем дел од неа се наоѓа во океаните, >97%. Таа вода е солена и не е за пиење. Само помалку од 1% од вкупната количина на вода на земјата е свежа и достапна.

2.      Голем дел од свежата вода е складирана под земја, во водонепропустни слоеви, отколку на  површината на Земјата.

3.      Водата на земјата се наоѓа во резервоари – во океаните, како мраз, во атмосферата, во подземните води, во езерата, реките, потоците и во живите суштества. Таа се движи помеѓу резервоарите со различна брзина и преку различни процеси – испарување, кондензирање, врнење и протокот на вода.

4.      Според теоријата, водата во стратосферата придонесува кон тековното загревањето на земјината атмосфера. Тоа пак, за возврат, го засилува интензитетот на тропските циклони, кои уфрлаат уште повеќе вода во стратосферата.

5.      САД секојдневно трошат 346 000 милиони галони чиста вода.

6.      Во земјите во развој, 70% од индустрискиот отпад се фрла директно во водите, без никакви дополнителни постапки за нивно прочистување.

7.      Секој ден, 2 милиони тони отпад, создаден од човекот, се отстранува во водотеците.

8.      Над 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста, безбедна вода за пиење.

9.      27% од урбаните жители од земјите во развој немааат вода во своите домови.

10.   Односот меѓу водата и градовите е од клучно значење. Градови имаат голема потреба од свежа вода а за возврат тие вршат големо влијание врз системите на свежата вода.

%d bloggers like this: