Posts Tagged ‘Компостирање’

Компостирање – примена – важност …

Процесот на компостирање овозможува ефикасно кружење на органската материја, намалување на количините отпад кои се носат на депониите, создавање на природно ѓубриво кое се користи во одгледувањето на поздрава храна, а се постигнува и значаен економски ефект – отварање на нови работни места.

Примената на компостот е повеќекратно корисна. Неговата најзначајна улога е во збогатување на почвата со органски материи, кои представуваат храна за живите организми, го зголемува нејзиниот квалитет и стабилноста. Компостот ги храни растенијата, овозможува проветрување на тлото, ја задржува водата, ја намалува ерозијата и овозможува зголемен капацитет за задржување на влагата. Поради сето ова, компостот треба да се применува секогаш кога е тоа можно во овоштарниците, градините, расадниците, парковите, зелените површини, итн .

Зошто да компостираме?

Штедиме

–        Компостот е квалитетно органско ѓубриво кое е потполно бесплатно

Ја штитиме околината

–        Со компостирање количината на отпад кое завршува на депониите може да се намали за 1/3

–        Се намалува создавањето на метан кој придонесува за создавање на ефектот на стаклените градини т.е придонесува за климатските  промени

–        Се намалува загадувањето на подземните води со оние течности кои се исцедуваат од одпадот

–        Компостот ја подобрува структурата на почвата и го спречува нејзиното сушење

–        Компостот ја намалува ерозијата на земјата

Во Република Македонија не се врши раздвојување на отпадот или таквите активности се во зародиш, па целиот отпад се носи на депониите. Така неповратно се уништуваат големи количини на секундарна суровина, а неконтролираното разградување на органскиот отпад предизвикува многукратни штетни последици. Со воведување на едноставни мерки за сепарација и повторно користење на секундарните суровини, како и со компостирањето на органскиот отпад многу ќе се придонесе за сочувување на нашата мала еколошка оаза. Затоа сите мора да придонесеме во развојот и јакнењето на еколошката свест на граѓаните, примена на постоечките легислативи од областа на заштитата на животната средина, како и во јакнење на инфраструктурата.

Можеме ли да сметаме и на вашето вклучување?

Компостирање – биоотпад – биокомпост …

Органски отпад – биоотпад е всушност кујнскиот отпад. Тој представува 1/3 од куќниот отпад и е вредна суровина за производството на квалитетен биокомпост.

За производството на органски компост – биокомпост како суровина може да се користат свежи и исушени остатоци од овошје и зеленчук, лушпи од јајца, талог од кафе, кесички од филтер чаеви, овенато цвеке (само да не е од цвеќара каде се користени пестициди во нивното одгледување), слама, покосена трева пред цветање, листови од дрва, хартија и картон кој не е обоен со вештачки бои и кој не содржи олово, отпад од производство на пиво иили вино итн. Колку е поразновиден составот на почетниот материјал, толку компостот е побогат со хранливи материи.

При производството на биокомпост не треба да се употребуваат:

–         материјали кои не можат природно да се разложат – пластика, стакло, порцелан, ковани предмети, бои, лакови, машинско масло и слично.

–         заболени или растенија кои се нападнати од штетници

–         кора од лимон, портокал, банана

–         измет од луѓе, кучиња и мачки

–         детергенти и други средства за хигиена

–         расцветан коров

–         лекови и остатоци од пестициди

Најдобро е биоотпадот биолошки да се преработува на местото на неговото настанување. Таквата постапка се нарекува компостирање, а значи аеробна разградба на биоотпадот, при што се создава: јаглероден диоксид, азот, вода, топлина и компост како краен производ. Брзината на разложувањето зависи од хемискиот состав, пред се односот јаглерод наспроти азот, како и од животните услови на микроорганизмите – од топлината, водата, кислородот и pH вредноста. Со други зборови кажано, компостирањето представува ензимска разградба на органската материја. Ензимите ги произведуваат микроорганизмите кои тоа го прават по природен пат.

Во последните 10 години, во многу земји во Европа поради големите количини на органски отпад, а и поради едноставноста за негово претварање во хумус, големо внимание се посвети на процесот на компостирање.

%d bloggers like this: