Posts Tagged ‘Заштеда’

Храната не е за во ѓубре !

Новогодишните и Божиќни празници ме наведоа на размислување на тема “Колку храна се фрла непотребно?”. Храната се подготвува во големи количини, бидејки човечкото око е ненаситно и трпезата треба да е полна, преполна, без разлика што само половина од тоа што е сервирано ќе се изеде, а останатото ќе заврши во кантите за отпадоци. Да не заборавме дека додека ние се однесуваме така неодговорно кон храната, многу луѓе одвај успеваат да обезбедат и еден оброк на ден.
Дали сте се запрашале колку храна дневно се фрла во светски рамки? Еве што велат податоците, во Америка само во 2010 година фрлени се 34 милиони тони храна од која само 3% се рециклирани т.е реупотребени, а останатите 33 милиони тони завршиле на депониите или во печките за нивно уништување. Да се надоврзам на погоре наведените бројки, едно просечно американско семејство годишно фрла непотребно 600 $ од својот буџет, преку неискористената храна која завршува како отпад. Оваа бројка мене искрено многу ме замислува, а вас?

И ситуацијата во ЕУ е загрижувачка. Бројките говорат дека во неа годишно се фрлаат 89 милиони тони храна, што е 179 килограми по жител. Институциите на ЕУ свесни за големината на проблемот веќе превземаат чекори за негово надминување, па така Европскиот Парламент на 19.01.2012 година преку Резолуција повика на донесување на итни мерки со кои ќе се преполови количеството храна што се фрла до 2025 година и ќе се  подобри пристапот до храна за оние на кои тоа им е потребно.

Денеска храната представува најголем процент од цврстиот отпад, што е нормално бидејќи без храната нема живот. Доколку посовесно пристапиме кон овој проблем и ги промениме нашите навики би имале и еколошки и економски добивки. Ако при влегувањето во маркетите или посетата на пазарите не купуваме се и сешто, туку само она што ни е навистина потребно и за кое имаме план дека би го искористиле во наредните неколку дена, тогаш значително ќе го намалиме отпадот од храна. Истовремено, повеќе денари ќе останат во нашите новчаници кои потоа би можеле да ги пренамениме за некоја друга цел или потреба.
Но да се вратам на мислата и самиот проблем. Храната не секогаш мора да заврши во кантата за отпадоци заедно со севкупниот отпад. На пример:
–    може да се даде на оние на кои им е потребна, секако доколку е сеуште употреблива. Во нашата земја постојат многу семејства кои живеат во сиромаштија, но и народни кујни каде оваа храна може најдобро да се искористи.
–    може да се направи квалитетен компост без пестициди и други хемиски додатоци. Со правилна преработка може да се подготви и високо квалитетна храна за домашните животни. За тоа како да се подготви компост пишувавме претходно.
–    може да и се продолжи рокот на траење на храната преку преработка. На пример:
1.    доколку доматите во фрижидерот почнале да омекнуваат, не чекајте сосема да се расипат, туку продолжете им го рокот на траење, со тоа што ќе ги иситните на парченца, ќе ги издинстате и на тој начин ќе направите сос од домати, кој понатаму ќе можете да го искористите во подготовката или како додаток на други јадења.
2.    Од оризот кој сте го подготвиле како прилог за ручек, може да подготвите дополнителен вкусен и хранлив оброк доколку му додадете зеленчук и зачини.

Вакви примери има многу, а нашите баби и мајки во минатото доста често ги применувале. За жал денес тоа како да го подзаборавивме и поедноставно ни е да се ослободиме од храната која ни останала фрлајки ја во ѓубре.
Би било убаво ако примерите кои ги наведувам допрат и до комерцијалните објекти, па храната која секојдневно се подготвува во рестораните, или храната на која роковите и се при крај – од рафтовите на маркетите и зелените пазари, би завршиле далеку од комуналниот отпад.
Затоа, во иднина, кога ќе отидете по набавка на храна размислете што ви е навистина потребно, дали би можеле и без тоа, или доколку ви остане храната како би се однесувале кон неа т.е каде истата би завршила.

Advertisements

Продолжуваме да се грижиме за водата … за нас…

Иако денеска официјално го затвораме настанот „Недела на водата – блогираме за водата“, еден од настаните поврзани со Светскиот ден на водата 2011, нашите активности поврзани со водата продолжуваат.

За жал, колку и да се фокусира светската јавност кон заштитата и заштедата на чиста вода, не се намалува бројот на оние кои ја загадуваат или нерационално се однесуваат со неа. Сведоци сме и на еколошки катастофи предизвикани од луѓето, кои ја уништуваат природата и природните ресурси. Тоа директно го погодува човештвото, но и целиот растителен и животински свет. Сè поголема е листатa на прекрасни примероци кои се ставени на листата за заштита и видови кои засекогаш исчезнуваат од површината на Земјата. Застрашувачки се и бројките кои покажуваат колку луѓе секојдневно умираат поради недостатокот на чистата вода за пиење.

Во изминатава недела се обидовме барем малку да придонесеме во подигнување на свеста за важноста на водата. Пишувавме дека водата не само што е дел од нашето секојдневние и е насекаде околу нас, туку таа е всушност и најголемиот дел од нас. Потенциравме дека со грижата за нејзе, всушност се грижиме за себе.

Ве повикуваме заедно да продолжиме со активностите заштита и заштеда на водата. Имаме одговорност кон идните генерации да не дозволиме и понатаму да умираат луѓето за вода, да исчезнуваат прекрасни видови на животни и растенија од сликата на Земјата. Ајде да ги промениме нашето размислување и навиките и да придонесеме кон подобро утре …

Заштеда на вода во вашиот дом …

Водата е од суштинско значење за животот на земјата. Водата ни е потребна за одгледување на храна, одржување на чистота, обезбедување енергија, контрола на огнот, и последно, но не и најмалку важно, водата ни е потребна да не одржи во живот! Заштедата на вода е важна за земјата, за вашето семејство и за вашата заедница.
Постојат многу едноставни работи што може да ги направите за да заштедите вода.

  1. Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
  2. Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате.
  3. Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. Само како ориентација, за туширање од четири минути користите од 75 до 150 литри вода.
  4. Проверете дали вашиот дом е безбеден од протекување, затоа што многу домови имаат скриени места од каде што им протекува вода. Прочитајте си го водомерот пред и по два часа, во период кога не користите вода. Ако водомерот не покажува сосема иста состојба, тогаш со сигурност имате некое место од каде ви протекува вода.
  5. Поправете ги славините кој капат со замена на нивните гумички. Ако вашата славина капе со интензитет од една капка во секунда, може да очекувате да изгубите околу 10.220 литри вода годишно, количина која ќе биде додадена на сметката за вода и комуналии, или ќе го оптовари вашиот септички систем.
  6. При миење на садовите со рака, не оставајте ја водата да тече. Наполнете еден мијалник или поголем сад со вода со сапуница, а потоа брзо исплакнете ги садовите под слаб млаз на вода која тече од чешмата.
  7. Пуштете ги машината за садови и машината за перење да работат само ако ги имате целосно наполнето. Програмирајте за машината за перење за работа на пониски параметри отколку што мислите дека се неопходни и вашата облека ќе биде чиста и со помалку вода. Кај машината за миење садови изберете краток циклус.
  8. Не користете вода за одмрзнување на месо – одмрзнувајте го во фрижидер.
  9. Измијте ги овошјето и зеленчукот во сад со вода наместо под млаз вода од чешмата. Користената вода од садот ќе може повторно да се искористи – за полевање на растенијата во вашиот дома.
  10. Чувајте шише со вода за пиење во фрижидер. Тоа е подобро отколку да ја истекувате водата од чешма, секогаш кога ќе сакате чаша студена вода.

Дали знаете повеќе корисни совети за заштеда на вода? Ве молиме да ги споделите со нас.

%d bloggers like this: