На Балканот е тешко да бидеш „зелен“!

Под мотото „ПОГОДИ ЈА ЦЕЛТА“, во организација на Европската бизнис асоцијација и Министерството за економија, од 2 до 10 ноември во Македонија се одржуваат 6-та по ред „Европски ден на претприемачот“ и „Европската недела на МСП 2011“. Интересно е да се напомене дека манифестацијата „Европскиот ден на претприемачот“ истовремено се одржува во 37 европски земји.

Насловот е изјава на еден од излагачите на работилницата „Зелени политики како фактор за развој на мали и средни претпријатија и претприемништво“. Тоа беше првиот настан од манифестацијата и се одржа вчера во хотелот Александар Палас во Скопје. Според организаторите – целта на оваа работилница беше вклучување на инженерите во делот на промовирањето на зелените политики во делот на урбанистичкото планирање и изведување на градските простори.

Сепак, на работилницата се слушна многу повеќе од тоа.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, ја искажа заложбата на забрзано прифаќање на зелените економии во различни гранки од бизнисот и истите ги претстави како основа за унапредување на секторот на мали и средни претпријатија.

Пратеничката Лилјана Поповска детално се осврна на „зеленото“, во основата на неговото значење, од каде издвојувам:

  • зелените политики претставуваат одговорни политики
  • зелената економија значи почитување на културниот диверзитет
  • зелената економија го поддржува одржливиот развој (економија, екологија и социо-економски фактори) и е столб на зелените политики во малите и средни претпријатија

За жал, повторно беше констатирано дека иако стоиме добро во делот на донесување на законската регулатива што се однесува на животната средина, најголемиот проблем се појавува во спроведувањето на донесените закони.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s