Clean Up the World Weekend

Здружение за зелено општество – Гринер е член на Clean Up the World (Исчисти го светот).

Clean Up the World е кампања за животната средина заснована на заедница, која ги поттикнува и им дава право на заедниците од секој агол на земјината топка да ја исчистат, средат и зачуваат нивната животна средина.
Сега, во својата 19-та година, Clean Up the World, одржана преку соработката со Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), мобилизира околу 35 милиони волонтери од 130 земји на годишно ниво, што ја прави една од најголемите светски кампањи на заедниците – посветени на животната средина.

Темата на Clean Up the World 2011 е „Наше место … Наша планета … Наша одговорност“. Преку неа се истакнува како локалните акции, преземени од страна на секоја заедница и волонтерското учество во активностите на Clean Up the World имаат глобално влијание.

За адресирање на локалните прашања поврзани со животната средина и/или за прославување на клучните иницијативи, членовите на Clean Up the World спроведуваат различни активности. Тие вклучуваат:

  • Настани за чистење
  • Проекти за рециклирање на отпад
  • Едукативни кампањи за животната средина
  • Акција која се однесува на климатските промени
  • Проекти за обнова на ресурси
  • Реупотреба на вода и проекти за управување со вода
  • Натпревари
  • Ликовни изложби од отпад

Клучен настан на кампањата е Clean Up the World Weekend (Викенд за чистење на светот), кој се одржува секоја година во 3-от викенд на септември. Во прилог на обединување на милионите во глобалните еколошки акции, Clean Up the World Weekend се користи за прослава на годишните активности на учесниците. Со промоција на нивните достигнувања на меѓународно ниво, Clean Up the World го фокусира вниманието на јавноста врз проблемите на глобалната заедница кои се однесуваат на животната средина и на тоа како секој поединец може да даде позитивен придонес за почист и поздрав свет.

Здружението за зелено општество – Гринер во поддршка на Clean Up the World Weekend 2011 прави активност во категоријата “4R’s/Waste”. Тоа е јавен настан за подигање на свеста за е-отпадот наречен “Е-отпад – проблем за кој мора да најдеме решение”.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s