Компостирање – биоотпад – биокомпост …

Органски отпад – биоотпад е всушност кујнскиот отпад. Тој представува 1/3 од куќниот отпад и е вредна суровина за производството на квалитетен биокомпост.

За производството на органски компост – биокомпост како суровина може да се користат свежи и исушени остатоци од овошје и зеленчук, лушпи од јајца, талог од кафе, кесички од филтер чаеви, овенато цвеке (само да не е од цвеќара каде се користени пестициди во нивното одгледување), слама, покосена трева пред цветање, листови од дрва, хартија и картон кој не е обоен со вештачки бои и кој не содржи олово, отпад од производство на пиво иили вино итн. Колку е поразновиден составот на почетниот материјал, толку компостот е побогат со хранливи материи.

При производството на биокомпост не треба да се употребуваат:

–         материјали кои не можат природно да се разложат – пластика, стакло, порцелан, ковани предмети, бои, лакови, машинско масло и слично.

–         заболени или растенија кои се нападнати од штетници

–         кора од лимон, портокал, банана

–         измет од луѓе, кучиња и мачки

–         детергенти и други средства за хигиена

–         расцветан коров

–         лекови и остатоци од пестициди

Најдобро е биоотпадот биолошки да се преработува на местото на неговото настанување. Таквата постапка се нарекува компостирање, а значи аеробна разградба на биоотпадот, при што се создава: јаглероден диоксид, азот, вода, топлина и компост како краен производ. Брзината на разложувањето зависи од хемискиот состав, пред се односот јаглерод наспроти азот, како и од животните услови на микроорганизмите – од топлината, водата, кислородот и pH вредноста. Со други зборови кажано, компостирањето представува ензимска разградба на органската материја. Ензимите ги произведуваат микроорганизмите кои тоа го прават по природен пат.

Во последните 10 години, во многу земји во Европа поради големите количини на органски отпад, а и поради едноставноста за негово претварање во хумус, големо внимание се посвети на процесот на компостирање.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s