Ветер – алтернативен извор на енергија …

wind

Ветерот е движењето на воздухот. Енергијата на ветерот доаѓа од сонцето. Кога тоа грее, ја затоплува земјата. Воздухот над земјата станува потопол отколку оној над водата. Топлиот воздух како полесен се крева погоре во атмосферата и ладниот воздух се стреми да го завземе неговото место.

Ветерната енергија е еден од најстарите видови енергии, користена од памтивек. Денес, енергијата на ветерот најмногу се користи за производство на струја. Ветерот е обновлив и бесплатен енергетски извор, бидејќи ветерот ќе дува додека сонцето свети и никогаш нема да дојде до негов недостаток.

Ветерници во Македонија здрав и еколошки извор на енергија

Македонија е една од земјите која нуди огромен потенцијал за искористување на енергијата од обновливи извори. Странските инвеститори во голема мера се заинтересирани за вложувања во ветерници.

Југоисточниот регион е најпогодниот дел од Македонија за производство на струја со искористување на енергијата на ветерот. Земено како за пример, Овчеполието е предел каде ветерот е константана појава и е со средна јачина од осум метри во секунда, што без проблем може да придвижи ветерница со јачина од два мегавати.

Според физибилити студијата за изградба на Ветерен парк, изработена во рамки на КАРДС програмата на Европската комисија, како најпогодна територија се зема територијата на општина Богданци. Веќе постојат најави дека наесен таму ќе се почне да се гради првиот Ветерен парк. Тој би бил на површина од 29 хектари и би имал од 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупното планирано годишно производство на електрична енергија е над 100 гигават/часови, а инсталираната  моќност околу  45 мегавати.

Со инвестирање во алтернативни извори на енергија, освен зачувување на квалитетот на животната средина би се намалила и увозната зависност на Македонија од електрична енергија. Од друга страна, Македонија има обврска кон Европската Унија за 20-процентно производство на струја од обновливи извори на енергија, во енергетскиот биланс на земјата.

3 responses to this post.

  1. Колкава е инвестицијата за тој парк со ветерници да се изгради и стави во употреба?

    Сакам да кажам, 100 милиони киловат-часови струја годишно се околу 150 милиони денари т.е. 2,5 милиони евра.

    Колку чини да се направи таа инвестиција, и колку години е рокот на поврат на инвестицијата?

    Одговори

  2. Благодарам🙂

    Одговори

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s