Водите во Македонија …

Водите сочинуваат околу 2% од територијата на Македонија, или 280,00 квадратни километри.

Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Во однос на количината на водени ресурси, Македонија спаѓа во подрачја кои имаат доволно водни ресурси. Сепак, нивната распространетост е доста нееднаква. Реките припаѓаат на 6 речни сливови: река Вардар – 20.535km2, река Црн Дрим 3.350km2, река Струмица 1.535km2, Дојранското Езеро 120km2, реката Лебничка 129km2 и реката Биначка Морава 44km2.

Протокот на вода од еден речен слив во друг е доста важно за животната средина. Ваквите текови постои од сливот на река Радика во сливот на река Вардар (преку хидро-електричната централа Маврово) и од сливот на река Брегалница во сливот на река Струмица (од водата во акумулацијата Мантово). За во иднина се планирани и други приливи, како на пример: од сливот на реката Вардар во реката Треска, од сливот на река Пчиња во Овче Поле итн.

Слив – значи дел од територијата, каде што водата од атмосферски врнежи, од подводни извори и изворите се соединуват и заедно течат кон морето. Во Македонија такви цливови се: Егејски слив, сливот на Црното Море и сливот на Јадранското Море. На овие сливови припаѓа и мал дел од територијата на соседните земји (10%). Егејскиот слив опфаќа 87% од водите на Република Македонија.

Вкупните водни ресурси на Република Македонија се проценети на 6,37 милијарди м3 во една нормална година и 4,80 милијарди м3 во сува година. Од нив 80% се пренесуваат во реката Вардар. Годишниот потенцијал на ресурси по жител е околу 3.000 м3, која е на ниско страна, но е повеќе од потенцијалот, на пример на Германија и голем број на други европски земји (европскиот просек е приближно 1,900 м3/по жител).

Подземните води немаат влијание врз билансот на достапна вода, но се важни за нејзиниот квалитет. Еден дел од оваа вода ги збогатува подземните резервоари – водоносните слоеви, главно лоцирани во главните долини на земјата. Не постојат доволно податоци за расположливите подземни води, од спект на нивниот квалитет и квантитет.

И покрај тоа што е земја опкружена со копно, Македонија има три големи тектонски езера (Охридско, Преспанско и Дојранско), три вештачки езера и околу 50 мочуришта. Најголемо од тектонските езера е Охридското Езеро,  со површина од 357 квадратни километри, а кое се наоѓа во подрачјето на басенот Дрим. Ова езеро е старо повеќе од 2 милиони години и е дом на многу уникатни видови. Сите езера се на границите и се делат со соседните земји. Постојат и девет спа-одмаралишта (бањи) во Македонија: Баниште, Бања Банско, Истибања, Катланово, Кежовица, Косоврасти, Бања Кочани, Кумановски Бањи и Негорци.

Што се однесува до потрошувачката на вода, Македонија се наоѓа на третото место во Европа. Пред нас, земји кои најнерационално трошат вода се Кипар и Бугарија, а потоа следуваат Италија, Шпанија и Малта со најлош индекс на потрошувачка на вода. Секој Европеец годишно троши 5.300 кубни метри вода, доволно да се наполнат два олимписки базена. За споредба, Скопје троши два-три пати повеќе вода од другите светски метрополи. Главниот град е шампион и во загубата на вода со 57 проценти. Во Виена загубата изнесува 12 отсто, Лондон 19, Париз 20, Рим 25, Стокхолм 21, Белград 20, Загреб 23, Љубљана 31, Подгорица 20, Софија 27, Атина 23, Цирих 10 и Хамбург 4 проценти. Се цени дека 28 отсто од загубите на вода во Скопје е поради технички или физички загуби, а другите 29 отсто се комерцијални загуби.

Напишете коментар