Колку вода е потрошено за да се произведе …

Светот станува едно глобално потрошувачко општество, кое за жал се помалку се грижи за природата и за природните ресурси. Човештвото се однесува без почит кон природата, уништувајќи ја иднината на идните поколенија.

Водата е неопходна во процесите за производство. Дали знаете колку вода се троши годишно за да се произведат одредени производи?

1. За производство на едно парче хартија А4 се користат 10 литри вода.

2. Процесеите за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци користат многу вода. За производство на една чаша пиво се користат75 литри вода, за чаша вино се користат околу 120 литри и за филџан кафе 140 литри. Ако одберете да пиете сок од портокал треба да знаете дека за одгледување на еден портокал се користат околу 50 литри вода, а за производство на 1 литар сок се користат 1200 литри вода.

3. Во процесот на производството на леб се користат 150 литри вода.

4. За време на одгледувањето на 1 кг компири се користат 500 литри вода, а за производство на 1 кг ориз се користат 1900 литри вода.

5. Ако сакате да се јадете пилешко треба да знаете дека во текот на одгледувањето на една кокошка се користат 1500 литри вода, за производството на 1 кг пилешко месо се употребуваат 3500 литри вода, а за производство на едно јајце се користат 500 литри вода.

6. Млечните крави треба да пијат 15 литри вода за да произведат еден галон (3,78 литри) млеко. Ако пак јадете говедско месо бидете свесни дека се користат 10000 литри вода за неговото производство, а ако одлучите за јадете хамбургер знајте дека износот на потрошена вода е 2400 литри.

7. За да се одгледа доволно памук за да се произведе само еден пар фармерки потребни се околу 6800 литри вода. Потребни се и неверојатни 1500 литри вода да се одгледа памук доволен да се направи обична памучна кошула. Процесот на производство на еден пар фармерки користи 8000 литри вода, а производството на една маица користи 2700 литри.

8. Околу 95 литри вода се користат за производство на едно пластично шише, а околу 40 литри за една алуминиумска лименка.

9. За да се произведе еден тон челик се користат 237.000 литри вода.

10. Потребни се околу 148000 литри вода за да се направи автомобил. Не е јасно дали тоа вклучува и повеќе од 7600 литри вода која се користи за да се направат неговите гуми.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s